Мицкоски: Денес е историски ден, конечно започнува ново поглавје за нашата земја – Македонија е нашиот дом

0
29

Почитувани сограѓани, денес е историски ден!, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски пред почетокот на пленарната собраниска седница за изборот на нова влада.

Ви го пренесуваме неговото обраќање:

Започнува собраниската дебата која ќе стави крај на периодот на неработење, криминал, лоши вредности и разочарувања.

Со изборот на новата реформска влада, конечно започнува ново поглавје за нашата земја.

Македонија е нашиот дом.

Нашите граѓани во минатото се соочуваа со многу предизвици, но секогаш беа лојални кон државата и правеа сè за таа да биде слободна, независна и просперитетна. Иако имаше разочарувања и предизвици, граѓаните опстојуваа и гордо ги поднесуваа сите случувања.

Сега е време Македонија да направи повеќе за секој граѓанин. Секој Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав, Бошњак и сите останати кои вложија се’ за својата татковина.

Македонија треба да возврати.
За вас!
За тебе!
За сите што живеат во оваа заедничка татковина.

Време е да ги засукаме ракавите и да ги решиме проблемите.

Повикувам на единство и заедничка работа.

За нова Македонија, за иднината на нашите деца, за подобар живот за сите нас.
Време е да се исправиме, да го искористиме нашето знаење, нашата енергија и нашата желба за промена.
Да се обединиме во овој момент на историска трансформација.
Да создадеме општество во кое секој граѓанин ќе може да ги оствари своите соништа и да живее достоинствено.
За тебе!

Почнуваме!

Извор: ФБ Христијан Мицкоски