Агелер честита за новата Влада: Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство

Американската амбасадорка во земјава – Анџела Агелер на социјалната мрежа Х упати честитки за формирањето на новата Влада.

– Додека премиерот и неговиот кабинет ја преземаат функцијата, со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот развој, социјалните структури и придвижувањето на земјата напред на нејзиниот евроатлантски пат – се вели во честитката на Агелер.