МВР откри дека Самка Ибаимовски преку Фејсбук се заканувал на уставна судијка

Самка Ибраимоски преку Фејсбук им се заканувал по животот на уставните судии откако дозволија извршителите да продолжат да наплаќаат долгови, објави Сител. Ибраимоски негира дека написите против судијката Ана Павловска Данева се закани по нејзиниот живот. Тој веќе добил повика да оди во полиција.

Ако сум спомнал некого, не сум спомнал со закана по живот, ако ги погодува моето пишување тоа е нивен проблем. Имам демократско право да пишувам како предлагач на законот, лидер сум на сиромашна партија која е заглавена со извршителите и бараме спас и начин како да се ослободат тие луѓе на кои 3 до 4 пати им ги наплатуват долговите – вели Ибраимоски за Сител.

Од Уставниот суд велат дека лично претседателот Дарко Костадиновски ги пријавил заканите, а како што информираат од прес службата, биле поврзани со конкретен предмет кој го работел Уставен. Павловска Данева вели дека нападите и заканите се притисок врз независноста и интегритетот на судот.

Поранешен пратеник и претседател на помала политичка партија, незадоволен од Одлука донесена од Уставниот суд, преку социјалните мрежи во континуитет објавува закани и навреди кон судиите, при што го има наведено моето име, најавувајќи убиство и слични противзаконите дејствија – изјави Павлоска Данева.

Во меѓувреме, Ибраимоски и денеска продолжи со критиките на Фејсбук против одлуката на Уставниот суд, а во неговите видеа и написи често го споменува името на Павлоска Данева.

Ибраимовски е лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите – ПЦЕР.