Пецаков: Новото возило на ЈП „Водовод“ ќе придонесе за подобра ефикасност на Секторот за водоснабдителни објекти, производство и третман на вода за пиење

0
75

Општина Охрид континуирано работи во насока на подобрување на условите во Јавните комунални претпријатија и овозможува поголема ефикасност во работењето. Само во текот на оваа година инвестиравме значителни средства во набавка на опрема и обезбедивме повисок квалитет на услугите за граѓаните, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Денеска го промовиравме новото товарно возило за потребите на ЈП „Водовод“. Се работи за Камион кипер – марка ИСУЗУ – со двојна кабина кое е набавено преку проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“, одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а реализиран од Центарот за развој на Југозападниот плански регион во партнерство со Општина Охрид.
Новото возило се очекува да придонесе за подобра ефикасност на Секторот за водоснабдителни објекти, производство и третман на вода за пиење во ЈП „Водовод“. Ќе се обезбеди поефикасно и поекономично извршување на работните обврски, потребите за транспорт на вработените, пропратниот алат и полесните градежни машини до местото каде е потребно да се вршат одредени интервенции, како и за одведување на ископаниот материјал од градилиштето до депонија за градежен шут.
Би сакал да упатам благодарност до Центарот за развој на југозападниот плански регион за соработката на проектот за подобрување на капацитетите на општинските претпријатија, преку кој обезбедивме опрема за ЈП Водовод, Охридски Комуналец и Нискоградба во вкупен износ од 7,5 милиони денари. Овој проект општина Охрид и финансиски го поддржа издвојувајќи значаен износ на средства од буџетот на општината.
Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да работиме на имплементација на уште многу значајни проекти во Охрид и сите населени места во општината.

извор: ФБ Кирил Пецаков