(ФОТО) Светски познатиот актер Кијану Ривс наместо во хотел, отседна пред влезот од хотел во Загреб, скромноста негова најголема одлика

0
78

Славниот актер Кијану Ривс (59) со својот бенд „Dogstar“ пристигна на овогодишниот „INMusic Festival“ на кој вчера настапи во Загреб.

Хрватските медиуми се тркале да дознаат каде отседнал холивудскиот актер, а на екипата на хрватскиот „Jutarnji List“ тоа ѝ успеало.

Имено, екипата затекнала неочекувана сцена пред еден загрепски хотел. Пред влезот, седнат на земја и потпрен на ѕидот седел маж во црни фармерки, а се утврдило дека тоа е никој друг туку славниот Ривс.

За него се знае дека можете да го сретнете на места каде никој не би очекувал таква ѕвезда, како кога беше снимен како се вози во метро или се дружи со бездомници.

Тој седел на подот, а на екипата новинари им кажал со по малку тажен глас: „Зборувам на телефон, тоа е мое приватно време“, пренесува „Jutarnji.hr“.

Новинарите трпеливо го почекале и кога завршил го прашале дали може да се фотографираат со него, што тој со насмевка прифатил.

Славниот актер се прослави во трилогијата „The Matrix“, а денес е еден од најпознатите луѓе на светот. Кијану е хуманитарец и секогаш со задоволство им помага на луѓето. Тој се откажува од големите плати за другите актери да добијат пари, им помага финансиски на луѓето на сетот. Тажните човечки приказни секогаш го допираат бидејќи и самиот имал тежок живот, па на таквите секогаш им помага без било кој да го побара тоа од него.

jutarnji.hr