Грција: Раководството на Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам

0
40

„Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа“, соопшти денеска грчкото Министерство за надворешни работи.

-Дополнително, се враќа на дејствија од минатото кои укажуваат на иредентистичко расположение и целосно непознавање на историјата. Грчкиот министер за надворешни работи веќе детално им ги предочил релевантните прекршувања на своите колеги во Советот за надворешни работи и ќе продолжи да го прави тоа“, нагласува МНР на Грција.

Дополнително, додаваат од таму, ова прашање е покренато на меѓународно ниво од грчката влада.