Денес се навршуваат 100 години од убиството на Ѓорче Петров

0
59
Ѓорѓија Петров Николов Тројачанец-Ѓорче Петров(2 април, 1865 с. Варош, Прилеп – 28 јуни 1921 Софија)
— Професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација.Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив.Бил учител во Штип,Скопје ,Прилеп.Во (1888–1891) соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија. Бил професор во Битола (1891–1895) и во Егзархиската гимназија во Солун (1895–1897).Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО (Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Кичево, Ресен, Леринско и Костурско). Член на Централен комитет на МРО. Учествувал на Солунскиот конгрес (1896) и бил еден од составувачите на Уставот и на Правилникот на ТМОРО. Ја објавил книгата Материјали по изучувањето на Македонија (Софија, 1896).
Бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев, во Софија (1897–1901) Во Илинденското востание предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес. На Рилскиот конгрес бил повторно избран за задграничен претставник на македонската Организацијата во Софија.
Бил противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција.Заради своите чисто македонски позиции станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на врховистите.Заради личната нетрпеливост меѓу Ѓорче Петров и Тодор Александров, како и разликите што помеѓу нив постоеле во однос на начините и методите на борбата за решавање на македонското прашање,тој е обвинет од Тодор Александров водачот на ВМРО . Ѓорче Петров е осуден на смрт од ЦК на ВМРО,како цел на братоубиствената политика во Бугарија.
Извршител на пресудата бил атентаторот ,турчин по име Реџеп член на ВМРО(по нарачка на Тодор Александров)кој не ни не знаел кого треба да го убие. Ѓорче Петров е убиен.😰 на 28 јуни 1921 г на улицата „Тробарска“ во Софија Набрзо по неговото убиство е убиен и неговиот атентатор.
***
Ѓорче Петров-,,Големото влијание на мизиските и тракиските Бугари врз Македонците и нивното учество во разни движења, нивната нова заедничка историја сето тоа се бессодржински докажувања и аргументи кои можат да даваат материјал на секојдневните весници и списанија наменети за масата, но за науката не вредат ни луле тутун,,
ВЕЧНА МУ СЛАВА НА ВЕЛИКАНОТ