Под влијание на значително посвежа воздушна маса од север во среда и во четврток во Македонија очекуваме значително посвежо време со пониски температури во споредба со сегашните за шест до осум степени. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец.
Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец. И во делови од Скопската котлина во среда и во четврток ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи, а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат потпросечни за почетокот на јули и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени. Во Скопје максималната температура во среда и во четврток ќе се искачи до околу 30 степени, пишува во најновата метео-анализа, метеопрогнозерот Славчо Попоски.