Екстремните временски услови на викендот во Франција, Швајцарија и во Италија предизвикаа големи штети и однесоа седум животи, соопштија локалните власти.
Три лица на возраст меѓу 70 и 80 години загинаа во саботата во североисточниот француски регион Обе, кога дрво го здробило автомобилот со кој патуваале за време на силните ветрови, изјавија локалните власти за новинската агенција АФП во неделата.
Во соседна Швајцарија четири лица загинаа, а уште две се водат како исчезнати, според локалната полиција, откако силното невреме со грмотевици и топењето на снегот предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во два јужни кантони.
https://twitter.com/i/status/1807150275167428879
Три лица загинаа рано во неделата во лизгање на земјиште во оддалечената долина Маџија, во алпскиот кантон Тичино, каде што се зборува италијански, се вели во соопштението на полицијата.
Службите за цивилна заштита објавија дека во Валис се евакуирани „неколку стотици“ луѓе и дека патиштата се затворени откако реката Рона и нејзините притоки се излеале на различни места.
Итните служби го проценувале најдобриот начин за евакуација на 300 лица кои пристигнаа на фудбалскиот турнир во Печија, додека речиси 70 беа евакуирани од кампот за одмор во селото Моњо.
Лошото време особено го отежна спасувањето, соопшти претходно полицијата, бидејќи неколку долини биле непристапни и отсечени од електричната мрежа. Федералниот систем за предупредување, исто така, соопшти дека дел од кантонот е без вода за пиење.
DW