Во следните неколку дена се очекува Љупчо Палевски Палчо да биде екстрадиран во земјава

Во следните неколку дена се очекува Љупчо Палевски Палчо да биде екстрадиран во земјава. Министерот за правда Кренар Лога по средбата со турскиот колега во изјава за Канал 5 вели завршени се судските процедури, а во следните неколку дена треба да завршат и административните процедури.

Посетата на Лога на Анкара се совпаѓа со истекувањето на 40 дневниот притвор на Палчо, кој во земјава е осомничен за убиството на 14 годишната Вања и 74 годишниот велешанец Панче Жежовски.

Палевски беше привден во Баликесир на 5 декември од страна на турската полиција, откако претходно по него македонското МВР распиша меѓународна потерница, како првоосомничен во грозоморното двојно убиство и грабнување на Вања и Жежовски.

Од неговиот исказ се очекуваат одговори на низа прашања околу убиствата кои се случија на почетокот на декември минатата година. Во меѓувреме останатите пет лица осомничени за случајот добија продолжување на притворот од 30 дена.

 

извор: Канал 5