Во следните часови и вечерва ново силно невреме ќе ја зафати Македонија

Под влијание на ладен атмосферски фронт од север, кој ќе се судри со топлиот воздух од југ кој се наоѓа над Македонија, во следните часови, како и вечерва во најголем дел од државава времето ќе биде многу нестабилно и со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На повеќе места повторно ќе има појава на силно невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време и истиот би можел да предизвика локални поројни поплавувања, силен ветер (над 70 км/час) силни и чести електрични празнења  и со појава на град кој би можел да биде  и крупен.

И во Скопскиот регион во следните часови и вечерва ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има и појава на ново посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења  и со појава на град кој би можел да биде и крупен.

Апелираме во случај на појава на силно невреме граѓаните да бидат крајно внимателно, односно во случај на појава на силни и чести електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер  и на крупен град автомобилите да се заштитат.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопје до околу 35 степени. Меѓутоа температурите од попладневните  и вечерните часови ќе започнат да опаѓаат, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk