Судот не ги прифатил разговорите на Боки 13 со Заев

Судот на денешното рочиште не прифати ниту еден доказ на одбраната во случајот „Меѓународен сојуз“.

Одбраната на Бојан Јовановски за „Република“ објаснува дека денеска се потврдило тоа и што било очекувано-дека судечкиот совет нема да придфати клучни докази кои се однесуваат на разговори на членови на поранешната но и на актуелната со познатиот Бојан Јовановски меѓу кои со најважниот, Зоран Заев.

Отфрлени се сите предлози на обраната и тоа тие остануваат практично без никакви докази. Дополнително, судот судот прифати некои од предлозите на Обвинителството.

Бојан Јовановски побара како докази да се презентираат повеќе комуникаци меѓу него и поранешни функционери на власта од вацап апликацијата како што се Љупчо Николовски, Стефан Богоев, Мила Царовска и др.

извор: Република