Поради ситуацијата во Украина, австриската армија одлучи да испрати дополнителни 120 војници во мисијата ЕУФОР во БиХ, како засилување.
Одлуката е донесена бидејќи се стравува дека актуелната ситуација во Украина може да има последици врз Западен Балкан и со тоа да влијае на зачувувањето на стабилноста и безбедноста, наведуваат од армијата за агенцијата АПА.
Засилување на резервните сили побара командантот на мировната операција на ЕУ во БиХ, генерал Брис Хад. Ова ги активира војниците од резервите на Австрија, Бугарија, Романија и Словачка.
Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг го поддржа распоредувањето на резервните сили во БиХ.
„ЕУФОР Алтеа на тој начин ја покажува својата решеност да ја зачува стабилноста и безбедноста во БиХ. Засилено е присуството и видливоста на операцијата. Тоа е важен сигнал за локалното население дека ЕУ сериозно ја сфаќа својата одговорност за безбедноста на Западен Балкан“, објасни тој.
Австрија учествува во мировните сили ЕУФОР Алтеа, чиј составен дел е од 1996 година, со околу 160 војници.
извор/фото: агенции