Сител: Иницијативата на ВМРО ДПМНЕ за референдум како неуредна ќе биде отфрлена

0
256

Повикувајќи се на извори од владејачкото мнозинство, Сител пренесува дека ВМРО-ДПМНЕ ја адресирале Иницијативата за распишување на референдум „до претседателот на Собранието“, со што е избегнато користењето на уставното име на државата, односно не се наведува дека се работи за Претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

Поради одбегнувањето да се користи името на државата, голема е веројатноста Иницијативата да не го помине собранискиот филтер како неуредна
Собранискиот спикер Талат Џафери најрано во вторник би можел да ја прими Инцијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија. Во петокот, кога опозициската партија ја поднесе Иницијативата до македонското Собрание, Џафери веќе бил на службен пат и не успеал да го добие документот. Истото претпладне Џафери ја водеше собранската седница на која се обрати италијанскиот претседател Серџо Матарела. Пред седницата, пак, Џафери имаше средба и со Мемли Красниќи, претседател на Демократската партија на Косово.

„Џафери е надвор од државата. Во моментот кога ќе ја прими Иницијативата, ќе бидете информирани навреме“, посочија во петокот од Кабинетот на претседателот на Собранието.

ТелевизијатаСител, повикувајќи се на неофицијални извори од владејачкото мнозинство, пренесе дека Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ веројатно нема да го помине собранискиот филтер.

„Референдум се поизвесно е дека ќе нема“, изјавил засега неименуван извор.

Текстот во целост на: Сител