Гостувајќи во поткастот на новинарот Љупчо Златев, политичарот Љубчо Георгиевски рече дека историското ВМРО пред и помешу двете светски војни убивало грчки и српски кодоши, но имало и документи дека било извршено и убиство заради прељуба кога убиле некоја жена која имала однос со одреден маж, притоа споредувајќи го тоа со нешто што денес го прави т.н. „Исламска Држава“.
„Историското ВМРО е една сурова органзиација. Тоа го диктирале самите основачи на ВМРО. Ако ги погледнете спомените на хридскиот војвода Христо Узунов, тој има цели списоци на луѓе убиени пред Илинденското востание, таму ќе забележите дека ВМРО има убиено повеќе луѓе од што убиле ТУрците. Биле убивани српски, грчки и турски шпиони. Дури има и прељубници. Има некоја жена , која ја оцениле дека е неморална , тоа е како Исламска држава во сегашно време. “ – рече Георгиевски во поткастот.
КЛИКНЕТЕ PLAY НА ВИДЕОТО И ПОГЛЕДНЕТЕ