(ВИДЕО) Османи ни ја нацрта и објасни суштината на преговарачката рамка за преговори со ЕУ

Со сунѓер, креда и табла пред него, првиот дипломат во стил на професор во средно училиште реши да не убедува зошто требало да ги прифатиме уставните измени. Ни објасни што содржела преговарачка рамка, имала општ и посебен дел. За општиот немало гласање од земјите членки, односно треба да ги прифатиме уставните измени и да ја добиеме таа втора меѓувладина конференција.

-Во општиот дел се т.н. општи одредници од преговарачката рамка, за кои што нема извештај, нема писмен извештај од страна на Комисијата. И за кои нема да има гласање од земјите членки, односно од Европскиот Совет, изјави Османи.

Османи сепак е контрадикторен..Во еден дел од предавањето вели дека Бугарија веќе не може да не блокира врз основа на договорите со нив, но во друг дел вели дека тоа е можно кога ќе се отвори поглавјето за малцинските заедници.

-Во еден од патоказите, патоказот за владеење на право, се наоѓа акциски план за малцинства. Само ова прашање, ако можеме да кажеме од односите со Бугарија е одредница за која што ќе има писмен извештај и ќе има гласање и евентуално може да биде некоја хипотетичка пречка, изјави Османи.

За уставните измени консензус нема, ниту пак има поддршка од мнозинството граѓани. Сепак и тие да поминат за земјава нема да бидат гаранција за брзо членство во ЕУ.

 

видео: ФБ Бујар Османи