(ВИДЕО) „Сети се на Радуша“ – Андријана Јаневска со песна за сите бранители од 2001 година

Пејачката Андријана Јаневска вечерва објави песна посветена на сите македонски бранители.

,,Оваа песна е посветена на македонските бранители.
Сети се на Радуша”, напиша Јаневска промовирајќи ја песната на социјалните мрежи.

Од 10 до 13 август 2001 година во близина на селото Радуша во близина на границата со Косово се случи една од клучните битки во конфликтот во која група од педесетина македонски бранители без никаква поддршка успеале да спречат влез во Македонија на голема група вооружени припадници на УЧК да влезат од Косово во земјава.

Битката кај Радуша важи за една од најжестоките битки во конфликтот од 2001 година.

Ова е прва песна посветена на македонските бранители кои учествуваа во конфликтот во 2001 година.

Деведесетина од нив загинаа а многу повеќе беа ранети.

видео: ФБ Адријана Јаневска