Димитар Ковачевски дезертирал од војска во 2001 година година прикажувајќи се како трајно неспособен. Му даваме 24 часа на македонскиот премиер да одговори на ова, а ако нема одговор ќе објавувме сѐ што имаме, изјави денеска на конференција за медиумите Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
-Ако навистина е трајно неспособен, тогаш Ковачевски мора веднаш да се повлече од премиерската функција. Дали на чело на Владата имаме трајно неспособна личност или дезертер? Или е премиер токму затоа што е трајно неспособен за војска. Одговорност мора да има – рече Ковачки.
Извор: ВМРО ДПМНЕ