Две лица повредени во престрелка во Синѓелиќ – причина сообраќајна незгода

0
306

Две лица се повредени во попладневната престрелка во скопската населба Сингелиќ. Од полицијата информираа дека на пукањето претходела сообраќајна незгода помеѓу патничко возило управувано од пријавителот Б.Ј. и патничко возило управувано од Б.К.(20) од Скопје.

„Настанала вербална расправија и физички напад, по што Б.Ј.(34), кој според пријавеното бил сопственик на возилото „сеат”, извадил пиштол кој испукал при обид да му биде одземен, при што со повреда во ногата се здобил Б.Ј., брат на пријавителот, кој заедно со С.Ј., роднина на пријавителот, кој се здобил со повреда при физичкиот напад, биле пренесени во Ургентен центар за укажување на медицинска помош“, соопшти МВР.

Известен е Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

извор: Република