(ФОТО) Нова снежна покривка од 20 сантиметри се формираше на Италијанските Алпи

0
33

Утринава Италијанските Алпи се разбудија со нова снежна покривка, и тоа поради влијанието на ладниот бран кој од север се спушти кон поголем дел од Европскиот Континент. Снежна покривка од 20 сантиметри се формираше на ледникот Мармолада кој се наоѓа на северот на Италија.

Сепак се работи за многу високо место, и токму оваа појава е сосема вообичаена дури и за овој период од годината.