Тринаесет лица повредени во напад на слон во Шри Ланка

0
36

Во напад на слон за време на верски настан во јужниот дел на Шри Ланка повредени се 13 лица, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Инцидентот се случил синоќа за време на Рухун Катарагама Махадевала, голем верски и културен настан кој се одржува во Катарагама, во провинцијата Ува, објави локалниот дневен весник на англиски јазик „Шри Ланка Мирор“.

Повредените се згрижени во локалната болница, и никој од нив нема критични повреди, соопшти полицијата.

Дивеењето на слонови за време на верските фестивали не е невообичаено во Шри Ланка, главно поради големата врева која ја прават присутните.

Властите често ги повикуваат луѓето да избегнуваат да прават гласни звуци за време на поворките за слоновите да останат мирни.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.