Екстремно топол африкански бран во Македонија, тепературите ќе се искачат и над 40-от степен

Територијата на Македонија се до крајот на оваа седмица ќе се наоѓа под влијание на екстремно топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Токму поради ова температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат и до 40 степени.

Не се исклучува можноста температурата локално во централните и во југоисточните предели да надмине и 40 степени. Ув индексот ќе има многу висока вредност 9, па поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Времето и понатаму ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак оваа седмица атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.

Денес (вторник) нестабилност во попладневните часови ќе има особено во западните предели од државава, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk