Николоски: Нема да дозволам 4,400 семејства од Пошта и Железници да останат без плата, но мора да се знае дека претходната власт ги потрошила сите пари

0
52

Во мојот воведен говор искористив да кажам каква е состојбата во моментов во државата. Сакам да споделам неколку податоци за да ги знаете и вие. Буџетската дупка е огромна, трошоците се огромни, но тоа не значи дека нема да го реализираме она што го ветуваме и веќе со ребалансот на буџетот кој би требало да биде усвоен во Собранието до крајот на месец јули, а да биде поднесе веќе следната недела, планираме да доделиме 100 милиони евра помош за општините со пакетот за поддршка на општините кој што го ветивме кој што в година ќе биде 250 милиони евра затоа што ќе е цела година, а пензиите се зголемуваат за 5,000 денари како што ветивме и почнуваат од следниот месец со 2,500 денари и до март месец уште 2,500 денари така што 5,000 денари во една година како што ветивме, кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на одбележувањето 34 години од основањето на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и додаде:

Во однос на состојбата можам само да кажам за мојот ресор, таа е финансиски катастрофална. Во моментов се бориме 4400 луѓе воопшто дали ќе можат да земат плата до крајот на годината. Се работи за вработените во Пошта, во Македонски железници Транспорт и Македонски железници Инфраструктура. За жал досегашните раководства ги потрошиле средствата за работа кои што требало да им бидат за 12 месеци, тие ги потрошиле за 6 месеци и во останатите 6 месеци се бориме дали воопшто овие вработени ќе земат плата. Навистина правиме над човечки напори со вработените во министерството за транспорт за да успееме да обезбедиме плата за овие вработени – истакна Николоски.

Во однос на тоа дали вработените ќе земат плата и дали има некое решение Николоски кажа дека нема да дозволи 4,400 семејства да останат без приходи.

Работиме со вработените во министерството за транспорт интензивно, но мора луѓето да ја знаат вистината а тоа е дека буџетите кои што ги добиле овие три јавни претпријатие досегашните раководства ги потрошиле за шест месеци, тоа е вистината. А секако јас нема да дозволам 4,400 семејства да останат без приходи но мора да ја знаат вистината – истакна Николоски.