Јаневска: МОН во минус од 5 милијарди денари, но сепак ќе има плати и учебници

0
79

Министерката за образование и наука, Весна Јаневски вели дека МОН е во минус од 5 милијарди денари но и покрај тоа ќе има плати за вработените и финансиска поддршка за учениците.

„Ќе се потрудиме да направиме корисни чекори за да се унапреди квалитетот на образованието и веќе имаме позитивни реакции по однос на одложувањето на Концепцијата за основно образование и ревидирањето на наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение“, рече Јаневска, потенцирајќи дека наставниците реагирале на лошата интеграција на предметите и несоодветно предавање на материјата“ вели Јаневска за ТВ Алфа

Осврнувајќи се на инклузијата во образованието, рече дека идејата за вклучување на сите деца со попреченост во редовните паралелки, била избрзана и натурена исто како и Концепцијата за основно образование.

„Има дечиња кои можат да следат настава во редовни паралелки и тие ќе продолжат таму. Но, многу родители се жалат дека нивите деца во овие паралелки се многу повеќе дискриминирани, отколку да бидат со свои другарчиња, слични на себе во посебни училишта. Затоа предлагаме измена на законите за основно и средно образование и заедно со стручната јавност и родителите ќе одлучиме кое е најдоброто решение за инклузија“, рече Јаневска, потенцирајќи дека државата треба на овие деца да им овозможи стекнување вештини со кои ќе бидат корисни и за себе и за општеството.

skopjeinfo.mk