Поранешниот сопруг на Шенон Доерти и мајка ѝ вчера за првпат се огласија по нејзината смрт

0
71

Ешли Хамилтон, со кого ѕвездата од „Беверли Хилс“ беше во брак само половина година, ја нарече свој „ангел-чувар“ и рече дека е скршен поради нејзината смрт.

Во интервју за TMZ, 49-годишниот актер рече:

„Шенон не ми беше само сопруга, ми беше ангел-чувар. Иако нештата не функционираат секогаш онака како што ние се надеваме, таа беше покрај мене во некои од најтемните моменти. Мојата љубов и почитта кон неа траеја подолго од нашиот краток брак.“

„Гледањето како се бори со таа ужасна болест со таков стоицизам, беше инспиративно за многумина, но уште повеќе за мене, бидејќи имам преживеано рак.“

Ешли ѝ беше прв сопруг на Шенон, а нивниот брак траеше од октомври 1993 до април 1994 година. Во интервјуто тој додал дека жали што не се поврзал со неа додека се борела со ракот, но дека сакал да ѝ даде простор и мир. За него ова е потсетник колку е краток животот.

„Светот изгуби слободоумна душа и срцето ме боли за неа и за сите кои ја сакаа. Нека почива во мир“ – рекол тој.

Мајката на Шенон, Роза, ексклузивно за People им се заблагодарила на сите фанови за поддршката.

„Таа беше моето убаво девојче и моето срце. Нашето семејство сака да им се заблагодари на сите кои покажаа љубов и поддршка за нашата Шенон во текот на нејзиниот живот. Навистина го цениме тоа“ – рекла таа.

Роза стоеше покрај Шенон во најтешките моменти од борбата со ракот.

Шенон зад себе имаше три брака. Првите два траеја само по неколку месеци, додека најдолго беше омажена за Курт Исвариенко. Нивниот сојуз се распадна откако таа дозна дека тој ја изневерувал со менаџерката непосредно пред операцијата на мозокот поради метастазирањето на ракот.

Нивниот развод беше финализиран само еден ден пред смртта на Доерти.

 

 

femina.mk