Полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици и денеска продолжи да дејствува на пожарот што избувна на планината Серта, меѓу штипските села Драгоево и Селце, информираат од МВР.
При дејствувањето, како што појаснуваат, во 26 налета се исфрлени 39 тони вода. Од МВР велат дека пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.