Тошковски: Расчистено е убиството во гостиварско Дебреше

Полициски службеници од СВР Тетово попладнево (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17.15 часот, соопшти преку својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

– Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција “обрач” за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј.В (31) и Љ.В.(32), а пронајдена е и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото “волво” со кое сторителите се оддалечиле од местото на настанот. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО, објави на ФБ Тошковски.