Силна бура ја очекува Европа во следните денови, кај нас во петок и сабота нов влажен бран од север

Во следните денови, односно до крајот на оваа недела големата разлика на воздушниот притисок (многу нискиот циклонален североисточно од нас, но и Азорскиот антициклон со многу висок воздушен притисок) ќе условат силни ветрови во голем дел од континентот чија брзина понекаде ќе достигнува дури и до, па и над 100 км/час.

Ветровито време во следните денови се очекува и во Македонија, повремено брзината на ветерот, особено на повисоките места и на планините ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. На помала надморска височина ветерот ќе биде далеку послаб, што значи дека кај нас нема опасност од евентуални штети.

Сепак под влијание на нов влажен и студен воздушен бран од север, во петок и во сабота очекуваме нови врнежи од дожд и снег. Сепак детална анализа околу ова ќе објавиме наскоро, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.