И Србите си играат мајтап со нас – Кога мислите дека не сте расположени, сетете се на несреќната елка во центарот на Скопје

Накривена, а не е ни целосно накитена.

Пред новогодишните и божиќните празници, сите градови во светот традиционално се натпреваруваат кој ќе има најубаво украсување. Елката во Скопје дефинитивно нема никакви амбиции, но брзо стана хит на интернет и е омилена меѓу туристите.

„Несреќната“ новогодишна елка стана позната токму поради тоа што изгледа прилично грдо за новогодишната ноќ – таа не е довршена, не е целосно накитена, а згора на тоа и искривена е.

Како кривата кула во Пиза, пишуваат на социјалните мрежуи и веднаш почнаа да се сликаат имитирајќи ја Кривата кула – изгледа паѓа, ја држат …

По исмејувањето почнаа и навредите. Ваква елка нема ниту на Али експрес“, пишуваат корисниците на социјалните мрежи. Како народот, како елката на плоштад: сиромашен, страшен, грд за гледање“, стои во еден од коментарите на социјалните мрежи. „А ако сакате да бидете оптимисти и позитивни и да се чувствувате добро, погледнете како е Скопје“, удира друг, пренесе Б92.

 

извор: nova.rs