Драматично кај Пехчево огнот се заканува да ги зафати првите куќи

Пожарот што вчера изби во атарот на пехчевското село Негрево е исклучително силен и тежок за гаснење, вели директорот на Центарот за управување со крици (ЦУК), Стојанче Ангелов во вчерашното видео-обраќање.

Според него, зафатена е квалитетна борова шума, а запалени шишарки летаат и по 20 до 30 метри и создаваат нови жаришта.

 

 

„Рано наутро ќе се обдиеме да дејствуваме со летала, но морам да напоменам дека во овој момент имаме уште дваесеттина активни пожари од кои најмалку десет се поголеми и загрозуваат населени места“,

Од пожарната во Струмица известија дека денес испратиле едно ПП возило со пожарникари кои треба да помогнат во гаснењето на огнот кој се заканува да ги фати првите куќи.

„Денес, во раните утрински часови ТППЕ Струмица испрати едно ПП возило и тим од пожарникари-спасители да помогнат во гаснењето на огромната огнена стихија која се заканува да ги зафати првите куќи во Пехчево. По пристигнувањето веднаш ќе се вклучат во борбата со оганот заедно со своите колеги од повеќе градови“, напишаа пожарникарите.