Припадници на АРМ, гаснат пожари во Македонски Брод, Свети Николе, Кратово, Пехчево и Пробиштип

Припадниците на Армијата, од гарнизоните Кичево, Штип и Тетово, согласно укажаната потреба продолжуваат и понатаму да учествуваат во гасењето на пожарите.


Ангажирани се во гаснењето во реоните на општините Македонски Брод, Свети Николе, Кратово, Пехчево и Пробиштип.


На терен се над 150 армиски припадници кои гаснат од земја, а активирани се и армиските хеликоптери кои гаснат од воздух.