Вчера во 21.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Н.(41) од Скопје, пријавил дека од домот каде престојувале се оддалечиле пет лица од Непал од 24 до 41-годишна возраст, кои биле вработени во фирма во Скопје.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.