Во текот на изминатиот ден имало вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои во моментов 9 се активни, 5 се под контрола и 26 се изгаснати, соопшти предмалку директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Дождот кој врне локално засега не ни помогна никаде, потенцира тој.
Акривни се пожарите:
1. Општина Македонски Брод: с.Тажево – с.Брезница – Крак кон Јасен
2. Општина Пробиштип 1: с.Зелениград – с.Јамиште
3. Општина Пробиштип 2: с.Долно Барбарево
4. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод
5. Општини Демир Хисар и Охрид: Илинска Планина
6. Општина Зелениково: Смесница – Страхојадица – Градовци
7. Општина Охрид: Косел – Волино – Опеница
8. Општина Студеничани: с.Вртеќица
9. Општина Ново Село: с.Бадилен
Под контрола:
1. Општина Пехчево: с.Негрево
2. Општина Кочани: с.Пресека
3. Општина Кратово: с.Татомир
4. Општина М.Брод: с.Грешница
5. Општина Свети Николе: с.Патетино
Изгаснати:
1. Општина Свети Николе: Долно и Горно Ѓуѓанци
2. Општина Старо Нагоричане: с.Малотино и Жегљане
3. Општина Липково 1: с.Слупчане
4. Општина Липково 2: с.Лојане
5. Општина Липково 3: с.Ваксинце – с.Слупчане
6. Општина Липково 4: с.Матејче
7. Општина Радовиш: ул.Тоцко Андонов
8. Општина Боговиње: с.Горно Седларце
9. Општина Виница: м.в.Виничко Поле
10. Општина Гостивар: с.Дебреше
11. Општина Струга 1: с.Ложани
12. Општина Струга 2: пат Струга – Калишта
13. Општина Дебар 1: с.Блато
14. Општина Дебар 2: с.Спас
15. Општина Кичево 1: с.Зајас
16. Општина Кичево 2: с.Мамудовци
17. Општина Кичево 3: с.Долно Пашино
18. Општина Охрид: ул.Јовица Новичич
19. Општина Сарај 1: с.Горни Крушопек
20. Општина Сарај 2: с.Семениште, м.в.Рамниште
21. Општина Сарај 3: с.Копаница
22. Општина Центар: под Кале, кај резиденција на МПЦ;
23. Општина Студеничани: с.Студеничани
24. Општина Шуто Оризари: ул.Гвадалахара
25. Општина Петровец: с.Ржаничино
26. Општина Бутел: с.Љуботен
Инаку утрово амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир учествуваше на редовниот утрински брифинг на националните и странските воздухопловни тимови и директно на писта од воениот дел од аеродромот се запозна со противпожарните активности.
Сите домашни и странски сили, и по земја и од воздух, согласно оптималните услови на техниката и ситуацијата на терен, храбро и одлучно се борат да ги угаснат пожарите што земаа замав во нашата држава, велат од ЦУК.
Амбасадорот Гир и директорот на ЦУК Ангелов од посадите на хеликоптерите и авионите пристигнати преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита беа запознаени со перфомансите и учинокот и имаа можност да ги видат леталата пред да започнат со нивните цели предвидени за денес.
Директорот Ангелов се заблагодари на Амбасадорот Гир за поддршката од ЕУ Механизмот за цивилна заштита и неговото лично присуство и поддршка на здружените напори на националните и меѓународните сили за одбрана од разбеснетата огнена стихија.
Потоа Ангелов ги посети пилотите на авионите на ДЗС.