Златен медал за македонската младинска репрезентација во кошарка

Македонската кошарка го освои првиот златен медал откако младинската репрезентација триумфираше на Европското првенство од Б-дивизијата, одиграно во Скопје. Во вчерашното финале, Австрија беше победена со резултат 98:88, и така македонските кошаркари до 18 години го завршија првенството непоразени.

Покрај титулата, кошаркарите за награда добиваат и пласман во елитната А-дивизија и настап на следното Европско првенство во Србија.

Македонија изигра осум меча на шампионатот во Скопје и забележа совршен низ од осум победи. Во финалето, македонските кошаркари веќе на полувреме имаа предност од 13 поени. Никола Јаничиќ постигна 30 поени и подоцна беше избран за најдобар играч на првенството од страна на селекторите на учесничките земји.

Покрај Јаничиќ, во идеалната петорка на првенството влезе и Марко Луканоски.

 

 

skopjeinfo.mk