Следната седмица, и тоа почнувајќи од понеделник во Европа ќе има големи температурни аномалии. Од една страна, ние во Македонија, како и целиот Балкански полуостров ќе биде зафатен од топлотниот бран “ЛУЦИФЕР” и истиот ќе услови насекаде да има екстремно високи температури на воздухот кој на многу места ќе се искачат до околу, па и над 35 степени.
Локално во регионот, како и во нашата Македонија температурите ќе се искачат до, па дури и над 40 степени.
Од топлотниот бран “ЛУЦИФЕР” ќе биде зафатен најголем дел од Европскиот Континент, особено јужна, југоисточна, и југозападна Европа. Температурите ќе бидат значително над просекот, односно тие ќе бидат повисоки од нормалните дури и за повеќе од 10 степени.
Од друга страна, североистокот и истокот на континентот ќе биде зафатен од циклонска активност и од многу постуден воздушен бран кој ќе услови во овие предели да има врнежливо и невообичаено студено време за месец август, најавува во својата анализа метеопрогнозерот Славчо Попоски.