Ванеса Брајант со трите ќерки покрај новата статуа од покојните Коби Брајант и Џиана

Коби Брајант и неговата ќерка Џиана добија нова статуа. Легендарниот кошаркар и неговата 13-годишна ќерка загинаа во хеликоптерска несреќа во 2020 година.

Статуата е поставена пред „Крипто Арената“, која е домот на неговиот тим Лос Анџелес Лејкерс, а истата прикажува сладок момент помеѓу успешниот спортист и неговата принцеза.

Сопругата на Коби, Ванеса Брајант, позираше покрај статуата заедно со останатите нивни ќерки Наталија, Бјанка и Капри.

femina.mk