Еден повреден во вечерашното пукање на бул. Александар Македонски, соопштија од МВР за Прес24.
На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул „Александар Македонски” од патничко возило во движење било пукано во патничко возило „пасат” со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.