Технички прием на објектите во кои од 1 септември годишно ќе бидат сместувани до 36.000 мигранти во Албанија

– Доколку се е во ред центрите треба да добијат зелено светло за официјален прием на мигрантите кои од 1 септември ќе бидат спасени од италијанските власти во водите на Медитеранот и сместувани тука. Се очекува околу 500 лица да бидат распоредени во Шенѓин за да се подготват да го пречекаат пристигнувањето на првите мигранти, објавија албанските медиуми.

Поголемиот број од вработените ќе бидат Италијанци.

– Внатрешната регулатива на италијанските власти објавена за вработените во центарот содржи вкупно 14 уредби, за однесувањето или односот што треба да го имаат со локалното население за време на нивниот престој или интеракција поради работа, додаваат медиумите.

Мигрантите ќе пристигнуваат во пристаништето Шнѓин, каде што е поставен прифатниот центар, а во Ѓадр е изграден камп каде што ќе останат додека не се разгледаат барањата за азил од италијанските власти.

На покана на италијанското министерство за внатрешни работи, Агенцијата за бегалци на Обединетите нации ќе има своја мисиј, со мандат од три месеци која ќе го следи почитувањето на човековите права во камповите.

Планот предвидува мигрантите кои се обиделе да преминат со брод во Италија, а италијанските власти ги пресретнале во Медитеранот, да бидат однесени во центрите во Албанија.

 

denesen.mk