Почина Васил Јанкула – Преспанскиот херој

0
78

Во 33 година од животот, по тешко боледување, денеска почина Васил Јанкула, познат како Преспански херој, поради неговата цврста волја да покаже дека „сите сме исти“.

Јанкула е по потекло од селото Туминец, општина Пустец, Мала Преспа, но со семејството живееше во Ресен. Од раѓање се соочуваше со болеста церебрална парализа, но никогаш не се предаде, со трицикл возеше на многу дестинации и на маратони.

Пред секое тргнување тој упатуваше апел до сите лица со хендикеп да бидат силни и храбри и да не се откажуваат на пола пат, секогаш под мотото „Сите сме исти“.

Васил Јанкула исто така беше активен и ценет член на Централниот комитет на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
Упатуваме искрено сочувство до неговото семејство во овој тежок период. Бог да го прости Васил Јанкула. Нека почива во мир.
vesnik-ilinden.mk