На ден 21. 08. 2024 година, во заедничка акција на шумочуварската служба на ЈП Национални шуми – подружница Јабланица од Струга, со граничната и шумската полиција, од Шумско стопанската единица Јабланица, оддел 35а запленето е и одземено нелегално посечено дабово огревно дрво.
По извршената контрола, констатирано е дека дрвата потекнуваат од бесправна сеча и истите се одземени и пренесени во складот на Подружницата во Јабланица од Струга. Против лицата затекнати на лице место ќе бидат поднесени соодветни пријави.