Комисијата за заразни болести ќе ја разгледа актуелната состојба со ковид-19

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе биде разгледана актуелната епидемиолошка состојба со коронавирусот. Во моментов во земјава се активни 4.139 случаи на ковид-19, од кои 1.749 се во Скопје. Согласно вчерашната ковид-статистика, направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на КОВИД-19, од кои 188 се реинфекции. Оздравени се 851 пациент, а пријавени се три починати лица од Скопје на возраст од 72, 76 и 83 години, сите во болнички услови. Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот, којашто може да ја примат лицата над 18-годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Вакцината е достапна на сите вакцинални пунктови без закажување. Вакцинацијата се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

 

Радио Слободна Европа