Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на 26 август соопшти дека ќе отвори предмет по допрен глас, со цел да се утврдат наводите за злоупотреба на буџетски пари од поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска најави дека утре ќе го испратат барањето за обезбедувањето на документацијата.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференции наречени „Бисера Антоанета“ објави информации со кои ја обвини дека поранешната министерка за култура дека на службени патувања трошела буџетски средства за приватни цели.
„Бисера Антоанета однела во Министерството со цел правдање на потрошените средства, а тоа се овие сметки со нејзин потпис. Одиме понатаму, ова е сметката од Gift Galore London, од 89 фунти, од каде Бисера Антоанета си купила плишано мече Paddington bear и фудбалска топка City football. Бисера Антоанета, на лагите и се кратки нозете“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.
Костадиновска-Стојчевска денеска на прес-конференција рече дека ќе одговара, ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.
slobodnaevropa.mk