Поранешниот заменик директор на УЈП сам се пријавил во полиција

0
50

Исмет Гури, поранешниот заменик директор на УЈП, и истакнат активист на ДУИ за кого беше распишана меѓународна потерница, денеска сам се пријавил во полиција и веќе е во затвор, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Гури, заедно со Ејупи Алими, беше опфатен во предметот „Титаник 3“ за уништување на изборен материјал на лојалните избори во 2013 година. Обвинението беше отворено во 2017 година од поранешното СЈО.

Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи најпрво доби затворски притвор кој подоцна му беше заменет со куќен, поради здравствени проблеми. Против него беше распишана меѓународна потерница, бидејќи избега од куќен притвор на почетокот на оваа година, откако не бил пронајден на адресата на која требал да ја издржува мерката.

извор: Република