Возило на Министерството за внатрешни работи горело во движење, соопштија од полицијата.
Немилиот настан се случил вчера, кога во 16:03 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Слупчане, липковско, настанал пожар во возило во движење „опел фронтера“, сопственост на МВР.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на настанот.
извор: Република
фото: Архива