На денешниот молебен за почеток на училишната година, кој се одржа во нашиот храм, стотици деца, можеби во најголем број досега, примија благослов Божји преку раката на свештеникот. Храмот беше целосно исполнет со деца, што предизвика пријатни чувства кај сите присутни. Децата со внимание ја проследија богослужбата, по што ги слушаа молитвите за благослов на почетокот на новата училишна година. Свештеникот едно по едно ги пороси со осветена вода, а на крајот секое дете доби подарок. Задоволните и насмеани детски лица, чистите срца, и присуството на Божјиот благослов беа јасно почувствувани во текот на овој посебен ден.