Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф денеска во неговото родно Тресонче ќе биде отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“.
Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир.
Под покровителство на Институтот „Цветан Грозданов“ при МАНУ, организирана од здружението на граѓани „Брзовец” и општина Маврово-Ростуше, за време на одржување на оваа школа ќе се проучуваат уметноста и архитектурата во Мијачкиот крај.
Организаторите најавуваат дека денеска ќе може да се посети и Културниот центар „Дичо Зограф“ каде е завршена првата фаза од реконструкцијата. Целосното опремување на Културниот центар се очекува да биде завршено до крајот на годинава.
denesen.mk