Незапаметен помор на риби во Грција

0
52

Речиси 100 тони мртви риби го затрупаа пристаништето во грчкиот град Волос, како и околните реки. Експертите сметаат дека поморот на рибите е поврзан со минатогодишните големи поплави.

Волос Грција
Речиси 100 тони мртви риби го затрупаа пристаништето во грчкиот град ВолосФотографија: SAKIS MITROLIDIS/AFP

Градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос вели дека се работи за еколошка катастрофа од невидени размери со големи последици за јавното здравје. Плажите во околината на Волос се затворени.

Волос Грција
Експертите сметаат дека поморот на рибите е поврзан со минатогодишните катастрофални поплавиФотографија: SAKIS MITROLIDIS/AFP

Разорните дождови минатата година поплавија над 20.000 хектари земјиште во регионот.  Слатководните риби од околното езеро се раширија низ поплавената површина, но откако водата се повлече тие завршија во морето каде најголемиот дел умреа поради недостаток на кислород и неможност да преживеат во солената вода.

 

извор: dw.com