Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (04.09.2024) оствари работна средба со вршителот на должност амбасадор на Република Словенија, Ѓиле Вишај и помошник на генералниот директор на словенечката полиција, Јоже Сеница. На средбата присуствуваше и новоназначеното полициско аташе на Република Словенија.
Министерот Тошковски се заблагодари за поддршката на Словенија за нашата држава, како наш најголем поддржувач и промотор во евроинтегративниот процес, а беа потенцирани и традиционално добрите односи помеѓу двете земји и одличната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи. Посебно беше акцентирана помошта што Словенија ни ја даде во справувањето со пожарите.
На средбата се разговараше и за динамиката за имплементација на заедничките проекти на македонската и словенечката полиција во следниот период, а стана збор и за приоритетните цели на МВР, како што се безкомпромисната борба против организираниот криминал и корупцијата, ефективна имплементација на модерен интегриран систем за гранично управување, борбата со илегалната миграција како заеднички проблем, дигитализирање на голем дел од процесите во МВР…