Во Тирана отворена самостојна изложба на скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо

Во тие рамки денска, во Parking Art Gallery во Тирана беше отворена изложбата “Постојан експеримент” на истакнатиот ликовен уметник Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, кој живее и работи во градот Фиер.

Изложбата ги обработува естетските елементи на македонската народна носија, инспирирана од носиите на ансамблот „Танец“, праисториска антика, керамички предмети, како и минијатурни скулптури.

За делата на скулпторот зборуваше и Сеад Казанџиу, потпретседател на Комитетот за национални малциства.

„Изложбата ќе биде отворена на 6 септември во 18 часот. Македонското друштво “Илинден”-Тирана, чија мисија е заштита на македонскиот идентитет и култура, ги повикува сите заинтересирани, љубители на уметноста, припадници на македонското национално малцинство и сите љубители на уметноста, да дојдат и одблиску да ги видат делата на уметникот Генци Кадриу, чие потекло е од селото Требиште област Голо Брдо, а живее во градот Фиер.

Кадриу има завршено високо образование на Академијата за ликовни уметности во Тирана во 1990 година, а покрај другите, негово познато дело е „Македонија“ уметничко прикажување на главните личности од македонската историја, изработено врз основа на историски материјали, моделирани во глина.

Како што самиот во една прилика кажа делото ја отсликува посветеноста на јазичното и културното наследство на неговото семејство, кое го вградил во комплементарното уметничко дело и оти „неговата поставка Македонија е рефлексија и на неговата посветеност на социјалните прашања, каде уметноста и културата ги обединуваат луѓето и народите.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја поздравува рабтата на академскиот скулптор Генци Кадриу, со искрена желба авторот да ги реализира своите замисли, а публиката во Албанија и светот да ги погледнат неговите скулптури на лица и настани од историјата.

 

vesnik-ilinden.com