Албанија на 15 октомври ќе го отвори првиот кластер од преговорите со Европската Унија, со што се одвојува од Северна Македонија која не го исполни условот да го смени Уставот и да ја внесе бугарската заедница во Преамбулата. За Премиерот Мицкоски, ова е лоша порака кон македонските граѓани, додека опозициската СДСМ гледа тежок пораз за политиките на Владата, објави slobodnaevropa.mk.
На денот кога во посета на Северна Македонија пристигнува Виктор Орбан, премиер на Унгарија, земјата која во моментов е претседавач со Европската Унија(ЕУ), од Брисел стигна вест – Албанија ќе го отвори првиот кластер во пристапните преговори со ЕУ, со што неформално се одвојува од Северна Македонија иако заедно тргнаа по европскиот пат на почетокот на преговорите пред две години.
Ваква одлука донеле амбасадорите на државите членки на ЕУ на 25 септември. Во документот во Брисел до коj Радио Слободна Европа (РСЕ) имаше пристап, се наведува дека Албанија „сега е доволно подготвена во оваа фаза за преговори за кластерот 1“.
Албанија на 15 октомври ќе го отвори првиот кластер од преговорите со Европската Унија, со што се одвојува од Северна Македонија која не го исполни условот да го смени Уставот и да ја внесе бугарската заедница во Преамбулата. За Премиерот Мицкоски, ова е лоша порака кон македонските граѓани, додека опозициската СДСМ гледа тежок пораз за политиките на Владата.
На денот кога во посета на Северна Македонија пристигнува Виктор Орбан, премиер на Унгарија, земјата која во моментов е претседавач со Европската Унија(ЕУ), од Брисел стигна вест – Албанија ќе го отвори првиот кластер во пристапните преговори со ЕУ, со што неформално се одвојува од Северна Македонија иако заедно тргнаа по европскиот пат на почетокот на преговорите пред две години.
Ваква одлука донеле амбасадорите на државите членки на ЕУ на 25 септември. Во документот во Брисел до коj Радио Слободна Европа (РСЕ) имаше пристап, се наведува дека Албанија „сега е доволно подготвена во оваа фаза за преговори за кластерот 1“.
Тој кажа дека „го дели впечатокот со огромно мнозинство македонски граѓани дека не треба повеќе да прифаќаме услови, без гаранции, на сметка на национални отстапки и идентитетски отстапки“.
„Само се изживуваат врз нас, доста е . Подготвени сме и сакаме да почнеме да преговараме. Преговори значат јакнење на институции, збогатување на капацитети, не значат членство. Што е толку тешко да се прифати нашиот предлог, овие измени да бидат ефективни тогаш кога бугарскиот парламент ќе го ратификува пристапниот протокол за нас како држава во ЕУ, ако некој има чесни намери. Очигледно е дека некој нема чесни намери“, рече Мицкоски.
Тој зборуваше и за пристапот што го понудил на состанокот што на 19 септември се одржа во Брисел со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен и лидерите на земјите од Западен Балкан. Мицкоски рече дека понудил „европски пристап“, разговори без диктати и условувања.
„Вреди“, коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, останува посветен на евроинтегративниот пат, рече првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити.
„Владата и „Вреди“ остануваат посветени на ова прашање кое е еден од врвните приоритети во нашите политики. Се надевам дека брзо ќе најдеме решение“, рече Меџити.
Опозиција: Тежок пораз на политиките на Владата
Опозициската СДСМ оцени дека раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата во европската интеграција на државата.
„Пред се, ова е огромна катастрофа за иднината на граѓаните. За жал, оваа нова пропуштена шанса ќе се одрази на многу семејства и на уште една цела нова генерација. Ова ја убива надежта дека нашата држава може да напредува и да се развива“, рече Венко Филипче, претседател на СДСМ.
Според него, најголемата трагедија е што ВМРО-ДПМНЕ всушност сака повторна билатерализација на европските преговори и на спорот со Бугарија.
„Треба на сите да им е јасно, спорот со Бугарија не беше веќе билатерален. Ние веќе не преговараме со Бугарија туку со ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ сака пак да го билатерализира. Како планира Мицкоски со реторика на карање и конфликти да обезбеди подобри услови со Бугарија во билатерална комуникација?“, рече Филипче.
Реакции: Северна Македонија стои во место или назадува
Симонида Кацарска од Европскиот политички институт ( ЕПИ) за РСЕ вели дека втората меѓувладина конференција на Албанија со Европската Унија е очекуван настан кој еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го најави уште на почетокот на септември.
„Ние остануваме во истата позиција во која што сме биле, Албанија ќе биде формално понапред во процесот како што се многу земји од регионот. Ние нема да имаме напредок во формалниот процес на пристапување и ќе стоиме во истиот „статус кво“ на кое што застанавме во јули 2022 година“, изјави Кацарска за РСЕ.
Според неа, не може да се очекува македонските преговори со ЕУ да продолжат без при тоа да се заврши процесот со уставните измени.
„Но, тоа не значи да ги запоставиме останатите процеси како што се планот за раст и реформската агенда, на кои треба да се фокусираат многу од напорите паралелно со формалните преговори за членство“, изјави Кацарска.
Порака од ЕУ
Европската комисија со нетрпение очекува што е можно поскоро почеток на преговорите по поглавја со Албанија и Северна Македонија, изјави денеска Ана Писонеро, портпаролка на ЕК за проширување, соседска политика и меѓународни партнерства.
„Нашиот став е многу јасен, Комисијата со нетрпение очекува почеток на преговорите по кластерот „Основи вредности“ што со Албанија и со Северна Македонија што е можно поскоро, откако Северна Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми што се договорени со Советот“, изјави Писонеро.
Како што кажа таа, тие „релевантни критериуми“ ги вклучуваат уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот.
Европскиот совет ја повика Северна Македонија да го забрза спроведувањето на овие измени“, изјави Писонеро, додавајќи дека одлуките за следните чекори во пристапниот процес се во надлежност на земјите членки на ЕУ, а не на Европската комисија.
Според неа, не може да се очекува македонските преговори со ЕУ да продолжат без при тоа да се заврши процесот со уставните измени.
„Но, тоа не значи да ги запоставиме останатите процеси како што се планот за раст и реформската агенда, на кои треба да се фокусираат многу од напорите паралелно со формалните преговори за членство“, изјави Кацарска.
Текстот во целост на:slobodnaevropa.mk